top of page

ИТ решенија

Денешните трендови на брз технолошки развој предизвикуваат драстична промена на технологиите и услугите кои се нудат на пазарот, а со тоа и на ИТ опремата која се користи. Сето тоа го усложнува процесот, ги прави Вашите избори и одлуки како модерна компанија уште поголем проблем за кој немате решение или ве доведува до ситуација каде ви е потребна професионална помош во изборот и спроведувањето на решенијата.

Преку идентификација на Вашите внатрешни процеси и потреби, спремни сме да Ви понудиме професионална помош и комплетни ИТ решенија со кои ќе дојдете до вистинскиот избор за Вашата компанија.

  • Спроведување на систем за поврзување на далечина – VPN решенија

Со новиот пристап на работа, потребата за работење од дома или потребата за работа од оддалечени локации го наметнува спроведувањето на вакво решение за вашата компанија. Нудиме услуга при изборот и имплементацијата на правилното решение за вашата компанија

  • Систем за заштита на податоци – Backup и архивирање

Чувањето на Вашите податоци е еден од примарните чекори за безбедност кој мора да го преземе секоја модерна компанија. Спремни сме да понудиме голем број на решенија како да ги чувате и архивирате вашите податоци внатре во рамките на вашата компанија како и преку голем број на надворешни (Cloud) решенија според Вашите потреби

  • Систем за заштита од вируси

Паралелно со развојот на технологијата и работењето преку интернет носи и свои негативни страни кои можат да предизвикаат катастрофални последици. Потребата од целосен систем за заштита и превенција од вируси, malware и ransomware станува неизбежна. Нудиме помош со набавка и спроведување на платени комплексни системи за заштита како и имплементирање и помош со бесплатни антивирусни решенија

  • Мрежни LAN решенија

  • Помош при избор и набавка на соодветна опрема (хардвер и софтвер)

  • Помош при имплементација на нови системи

  • Мониторинг и администрација на поставени внатрешни и надворешни системи

  • Дијагностицирање на проблеми

Servers
download.png

ИМПЛЕМЕНТИРАЈТЕ SALESFORCE СО НАША ПОМОШ

bottom of page