top of page

ISO 22000

ЗА СТАНДАРДОТ

​

Системот за управување со безбеност со храна претставува решение за обединување на сите стандарди за осигурување на безбедноста на храната кои во овој момент се признати.​ISO 22000 ги вклучува сите барања на HACCP (Hazard-Опсаност, Analysis-Анализа, Critical-Критичност, Control-Контрола, Point-Точка) системот по Codex Alimentarius, а покрај тоа и правилата за добра работна и хигиенска пракса, следење и означување на храната.Стандардот се користи во сите карики во ланецот на храна, а пропишува барања со кои сите очекувани ризици во ланецот на прехрана, вклучувајќи ги и сите опасности кои можат да бидат поврзани со видот на процесите и објектите кои се користат бидат индентификувани и проценети.

​

Меѓународниот стандард ISO 22000 ги одредува барањата за систем за управување на безбедност со храна кои подразбираат:

​

  • интерактивна комуникација

  • систем за управување

  • потребни програми

  • HACCP принципи

​

КОРИСТ ОД СЕРТИФИКАЦИЈА

​

Најефикасните сигурносни системи за храна се воспоставени, работат и се ажурираат во рамките на структуриран систем за управување и инкорпорирани се во вкупните активности на управување со организацијата.Ова ја обезбедува максималната корист за организацијата и на заинтересираните страни:

​

  • контрола на производство на здравствено безбедносна храна;

  • обезбедено најдобро уверување за здравствената безбедност на храната;

  • подобрување на интерните процеси;

  • зголемена доверба кај потрошувачите;

  • контрола на процесите;

  • компететивна предност во однос на конкуренцијата;

  • делегирање на одговорности до непосредните извршители;

  • зголемување на потенцијалите кај вработените преку редовни обуки и учење;

  • поголема одговорност и свест кај вработените за квалитетот;

  • развивање на свеста кај вработените за хигиената;

  • поголемо задоволство кај клиентите и поголема доверба во организацијата;

  • верификација на вашата добра работна и хигиенска пракса;

  • следливост на производот;

  • јасно утврдување на одговорности за здравствено небезбеден производ во ланецот производител-малопродажба-купец;

  • заштита и подобрување на производот;

  • усогласеност со законските и пазарни барања.

​

Cooking Eggs
Контрол Церт дооел Скопје
CONTROL CERT.png

Skopje,Macedonia | contact@control.mk | +389 2 274 1008 

                              ControlCert 2017

адреса: Даме Груев бр.3-4/11 Центар, Скопје

телефон: 02 274 1008

email: contact@control.mk

  • Facebook Social Icon
Screenshot (2).png
SPCexp.jpg
Znak-CT-015 (003).tif
bottom of page