top of page

Мисија

Квалитетот и ефикасноста се основа на нашата мисија и знак на нашата препознатливост и секогаш ќе бидат клучот за нашиот успех. КОНТРОЛ ЦЕРТ непристрасно, независно, професионално и објективно врши услуги на сертификација на градежни производи согласно пропишаните стандарди. Главната карактеристика на нашата соработка со корисниците на услугите е професионална и активна комуникација, континуирана стручна консултација во согласност со барањата и потребите на корисниците, со цел да се обезбеди максимален квалитет на услугите и подобрување на соработката во сите области на работење.Ја исполнуваме нашата мисија со нашите вработени и деловни партнери, кои ги афирмираат нашите корпоративни вредности и создаваат работно и деловно опкружување засновано на соработка, доверба, охрабрување и наградување на успехот.

Сертификација на градежни производи

Визија

КОНТРОЛ ЦЕРТ  се стреми да биде еден еден од клучните актери во создавањето и одржувањето на квалитетот на инфраструктурата во Република Македонија така што:

  • секогаш е чекор пред другите во препознавање на потребите на заинтересираните страни

  • ги прифаќа и имплементира барањата на релевантните стандарди

  • активно учествува во развивање на нови шеми за сертификација

  • им обезбедува на корисниците  нови знаења и иновирање на веќе постоечките

  • промовира добра пракса и сигурна проценка на сообразност на производите

Контрол Церт дооел Скопје
CONTROL CERT.png

Skopje,Macedonia | contact@control.mk | +389 2 274 1008 

                              ControlCert 2017

адреса: Даме Груев бр.3-4/11 Центар, Скопје

телефон: 02 274 1008

email: contact@control.mk

  • Facebook Social Icon
Screenshot (2).png
SPCexp.jpg
Znak-CT-015 (003).tif
bottom of page