



За нас
КОНТРОЛ ЦЕРТ е овластено и акредитирано тело за сертификација на производи, процеси и услуги кое се занимава со контрола на фабричко производство на градежните производи според Закон за градежни производи (,,Службен весник на Република Македонија'' бр. 104/15, 192/15, 53/16, 120/18 и 150/21) за систем на оцена 2+ со следниот опсег:
-
Агрегати за бетон согласно МКС EN 12620:+A1:2009
-
Агрегати за битуменски мешавини и површински обработки за патишта, аеродроми и други сообраќајни површини согласно МКС EN 13043:2006, МКС EN 13043:2006/AC:2006
-
Агрегати за неврзани и за хидраулички врзани материјали , кои се користат во градежништвото и во изградбата на патишта согласно МКС EN 13242+A1:2009
-
Агрегати за железнички товар согласно МКС EN 13450:2006, МКС EN 13450:2006/AC:2006
-
Бетон - Спецификации, својства, производство и сообразност согласно МКС EN 206
и МКС 1016.
Покрај акредитираните услуги за сертификација на производи, КОНТРОЛ ЦЕРТ обезбедува и посредува услуги за сертификација на системи за менаџмент согласно ISO стандарди, како и услуги за оцена на усогласеноста со барањата на Законот за заштита на лични податоци, ИТ услуги, БЗР и животна средина.
Медицински средства
Систем за управување со квалитет во индустрија на медицински уреди











